Д-р Дарко Костадиновски - претседател на Уставен суд / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Костадиновски: Измените на Кривичниот законик му направија непоправлива штета на правниот поредок

„Имаме огромен суфицит на неказнивост, а дефицит на одговорност“, рече претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на „Телма“.

„Неказнивоста царува во нашата држава“, рече Костадиновски.

Тој нагласи дека Уставниот суд донесе одлука со која изрази сериозен сомнеж во уставноста на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

„Тој закон има направено непоправлива штета на нашиот правен поредок. Штетата што тој закон ја создаде не може да се поправи. Тој закон, тие измени и дополнувања на законот, овозможија, бидејќи тоа кривично дело 353 се однесува само на функционери. Значи, не може обичен граѓанин да го стори тоа кривично дело, неказнивоста во таа категорија на граѓани да продолжи, значи бројките на неказнивост само да се зголемуваат“, рече Костадиновски.

Уставниот суд, додаде Костадиновски, му даде рок од шест месеци на собранието за преиспитување на соодветните одредби. Во спротивно, судот предупреди дека ќе донесе конечна одлука дали да ги укине, односно сите пресуди врз основа на тие одредби ќе престанат да важат, а соодветните предмети треба повторно да се покренат или да ги поништи, а од денот на поништување ќе се применува претходниот законик.

„Рокот од шесте месеци истече во август. Имавме разбирање како суд за изборниот процес, бидејќи вакви крупни работи не е соодветно да се прават. Но, изборите завршија. Ние како суд, односно јас како претседател, сум должен да го чувам кредибилитетот на Уставниот суд. Ние не можеме до недоглед да му дозволуваме на собранието да продолжува со една пракса на уставна недисциплинираност. Собранието е должно, ако го почитува Уставот, а должно е да го почитува, е да ги почитува и нашите одлуки, бидејќи нашите одлуки по сила на Уставот се конечни, извршни и општо задолжителни. Но собранието до овој момент го нема сторено тоа“, вели Костадиновски.

Хипотетички, дополни Костадиновски, „ако Уставниот суд на наредната седница го стави и одлучи за овој предмет, ние, како Уставен суд, ќе станеме исти како доносителите на тие измени, затоа што штетите што ќе се предизвикаат од нашата одлука ќе бидат со уште понесогледливи последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот