Косово оди на нови избори, кризата нема крај
Вршителката на должноста претседател на Косово, Албулена Хаџиу, денеска распиша предвремени избори за 7 јуни, трети за нешто повеќе од една година, откако парламентот не успеа да избере нов шеф на државата, пренесе Индекс.
Препорачано
Со новите избори се продолжува политичката криза во најмладата европска држава, чија влада поголем дел од минатата година не беше целосно функционална, бидејќи поделениот парламент со месеци не успеваше да избере претседател на парламентот.
„Доцниме со реформите без никаква причина. Не можеме да си дозволиме губење време“, рече Хаџиу, вршителка на должноста претседател на државата и претседателка на парламентот, по состанокот со политичките лидери.
Пратениците имаа рок до полноќ во вторник да изберат претседател, откако мандатот на Вјоса Османи истече претходно овој месец. Премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка за својот кандидат.
По убедливата победа во декември, се чинеше дека партијата на Курти, Самоопределување, ќе биде подготвена да го прекине повеќемесечниот политички застој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


