Косовецот Ѓоши е победник на „ИКАС 2022“, Петрушев заврши на второто место

фото: facebook.com/Macedonian Canoe Federation

Кајакарот од Косово, Лоранд Ѓоши е победник на традиционалниот натпревар во кајак „ИКАС 2022“ во дисциплината к-1 што викендов се одржа на Матка.
Ѓоши славеше пред македонскиот кајакар Ангел Петрушев додека на третото место се пласира Милош Јевтиќ од Србија.

Во женска конкуренција во дисциплината К1 триумфираше победи Ангела Димова од КК Бабуна од Велес, пред Олгица Мелова од КК Просек од Демир Капија и Гркинката Евангелија Каната.

Во дисциплината ц-1 победи Панајотис Зисекас од Грција во машка конкуренција, додека кај дамите единствена натпреварувачка беше Гркинката Георгија Мороу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот