Кошаркарките на Србија и на САД во полуфиналето на Игрите во Токио

EPA-EFE/WU HONG

Женските кошаркарски репрезентации на Србија и на САД ќе играат меѓу себе во првото полуфинале откако славеа сигурни победи во четвртфиналето. Европскиот шампион Србија со 77:70 ја совлада Кина, додека најголемиот фаворит за златниот медал САД ја прегази Австралија со 79:55.

Српските кошаркарки водеа уште од првата четвртина, но не успеаја резултатски да се одлепат во ниту еден момент, во овој период предноста не беше поголема од четири поени, додека во втората четвртина разликата дојде и до седум поени. Но, кинеските кошаркарски не се предадоа и со серија од 0:8 ја вратија резултатската неизвесност.
Во третата четвртина далеку подобра беше Кина која овој период го реши во своја корист со 14:25, за Србија на стартот од последната четвртина да направи серија од 11:0 и да се врати во водство. Последната четвртина српските кошаркарки ја одиграа фантастично, ја добија со убедливи 28:12 и си обезбедија борба за медал.

Јелена Брукс со 18 поени, Соња Савиќ со 16 поени и 10 скокови и Ана Дабовиќ со 13 поени беа најдобри кај победникот, додека во редовите на Кина се истакна Тинг Шао со 17 постигнати поени.

Главниот фаворит за златниот медал, САД со 79:55 ја прегази Австралија и ја продолжија доминацијата на Олимписките игри. САД доминираат во женската кошаркарка од 1984 година и оттогаш само на игрите во Барселона не го освоија златниот медал.

Сите дилеми околу победникот беа решени во воведните минути од средбата која САД го отвори со 21:6 и до крајот рутински го одработи натпреварот.
Бријана Стјуарт со 23 поени беше најпрецизна кај САД каде се истакнаа уште и Бритни Гринер со 15 и Сју Бирд со 9 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот