Кошаркарките на Баскет Кам со „стотка“ до втора титула во Суперкупот

фото: kfsm.mk

Немаше изненадување во премиерниот натпревар од македонскиот кошаркарски Суперкуп „Драган Василов-Цевка“, оној во женска конкуренција.

Актуелниот освојувач на шампионската титула, екипата на Баскет Кам 2011 ја потврди фаворитската улога и убедливо го победи победникот во националниот Куп, МЗТ Скопје Аеродром.

Кошаркарките од Македонска Каменица стигнаа до трофејот со убедлив триумф над МЗТ со резултат 102:52.

За Баскет Кам 2011 Димова имаше „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 11 скокови, а одлична партија имаше и нејзината тимска колешка Адамовска со 20 поени и 13 асистенции.

Кај МЗТ Скопје Аеродром, Митева остана на своето, капитенско ниво, и средбата ја заврши со 29 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот