Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија 12. титула
Во четвртиот натпревар од финалето во Првата македонска кошаркарска лига екипата на МЗТ Скопје Аеродром славеше со 77:53 славеше против ТФТ во СРЦ „Кале“ за конечни 3:1 во серијата.
Препорачано
На тој начин МЗТ стигна до својата 12 шампионска титула во во историјата на постоењето на клубот од скопската населба „Јане Сандански“.
МЗТ веќе оствари двоцифрена предност во текот на првата четвртина (17:6), а позитивата растеше уште повеќе во вторите 10 минути во кои најголемата предност изнесуваше „плус 24“ разлика (37:13).
После првото полувреме „металците“ водеа со 44:25, а во третата четвртина ТФТ успеа да намали пола од негативата и стигне најблиску до „минус 10“ (46:36, 50:40).
МЗТ не дозволи мечот да влезе во резултатска неизвесност, и во последните 10 минути повторно се вратија на „плус 20“ (69:49), по што ТФТ веќе немаше сили за враќање и шампионската радост на МЗТ можеше да почне.
Најефикасен во редовите на победникот беше В. Стојановски со 17 поени, запиша и по четири скокови и асистенции, следен од Едвин кој имаше 15 поени.
На спротивната страна Гринли постигна 11 поени (четири асистенции), додека Зафиров оствари дабл-дабл учинок од 11 поени и 10 скокови.


