Кошаркарите квалификациите за ЕП ќе ги доиграат турнирски и тоа во „меури“

Сите натпревари во двата „прозорци“ треба да се спроведуваат во „меури“, наместо традиционално да се игра домашен или на гостински терен.

Земајќи го предвид здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците и следејќи ја препораката од Медицинската комисија и Комисијата за натпревари, Извршниот комитет донесе одлука во врска со квалификациите за ноември 2020, и февруари 2021 година за континенталните купови како што следува:

Сите натпревари во двата „прозорци“ треба да се спроведуваат во т.н. „меури“ (“bubbles”), наместо на домашни или на гостински терени, со согласност на органите за јавно здравје на домаќинот и во согласност со здравствените протоколи на ФИБА (вклучително и тестирање на PCR и контролиран влез во безбедна средина во натпреварувачки град);

Секој „меур“ (“bubbles”) ќе се состои од четири или осум екипи (една или две квалификациски групи). Домаќините ќе бидат одредени на регионално ниво и ќе бидат објавени во догледно време.

Оваа одлука на ФИБА значи дека македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за ЕП 2021 година ќе ги доигра турнирски но засега не е познато дали Македонија ќе биде домаќин на некој од турнирите или не.

Македонија досега во квалификациите одигра два натпревари, на стартот во Скопје загуби од Естонија со 72:81, а во второто коло загуби со 77:67 на гостувањето во Русија.
Следниот натпревар според календарот, избраниците на селекторот Александар Тодоров треба да го одиграат на 27 ноември во Италија, а на 30. ноември треба да и гостуваме на Естонија.

Во женска конкуренција. кошаркарките  во ноември ја чекаат дуели со селекциите на Хрватска на гости (12.ноември) и со Германија на домашен терен (15.ноември).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот