Корупција, местенки: Меси си ја доби казната!

twitter.com/BetKingNG

Репрезентативецот на „гаучосите“, Меси (32) поради неговата изјава даде после елиминацијата на јужноамериканското првенство е суспендиран на три месеци и воедно доби парична казна од 50.000 илјади американски долари.

Ги обвини судиите и континенталната фудбалска организација КОНМЕБОЛ за корупција после поразот од „кариоките“, а исто така додаде:

– Одамна е познато дека Бразил контролира сè што се случува во КОНМЕБОЛ, тие се домаќини, се знаеше однапред како ќе се заврши. Целиот систем е корумпиран – изјави Меси.

Ова значи дека ќе ги пропушти пријателските натпревари против Чиле, Мексико и Германија во септември и октомври.

Има право на жалба во наредните седум дена. Да потсетиме, Меси е казнет со еден меч забрана за играње и парично 1.500 долари поради црвен картон во дуелот за третото место против Чилеанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот