Коронавирусот не ги уништува само белите дробови, и друг орган е на удар!

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

Американските научници утврдиле дека ковид-19 може да предизвика и срцеви проблеми, дури и кај луѓето што претходно немале никакви проблеми од тој вид.

Исто така, научниците предупредиле дека коронавирусот може да има кобни последици за луѓето што веќе страдаат од постојни кардиоваскуларни болести, како, на пример, хипертензија (висок крвен притисок).

Научниците анализирале претходни коронавируси какви што се САРС и МЕРС, но состојбата на ковид-19, кој ја предизвика пандемијата што моментално владее со светот, е многу поопасна. Научниците дошле до заклучок дека коронавирусот може да влијае врз срцевиот мускул.

Веројатно е дека, дури и доколку претходно сте немале срцеви болести, коронавирусот ќе влијае на срцевиот мускул. Генерално, потврдено е дека повреда на срцевиот мускул може да му се случи на секој пациент, без оглед дали имал кардиоваскуларни проблеми претходно, но ризикот е многу поголем кај оние што веќе имаат дијагностицирано срцева болест“, истакнале од Научно-истражувачкиот здравствен центар во Универзитетот во Тексас.

Исто така познато е дека инфекцијата ја влошува состојбата на срцето и може да предизвика срцев удар. Оваа инфекција може да доведе и до перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) и миокардитис (воспаление на срцевиот мускул).

Научниците изјавиле дека откриле значајна поврзаност помеѓу срцевите заболувања и смртниот исход меѓу пациентите заразени со ковид-19 во борбата во Вухан, Кина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот