Коронавирусот им ги расипа плановите: Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез ја одложуваат венчавката!

Пандемијата на коронавирусот им ги расипа плановите на светските ѕвезди…

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) и нејзиниот вереник, поранешниот голфер Алекс Родригез (44) открија дека се принудени поради пандемијата на коронавирусот да ја откажат планираната венчавка.

Џеј Ло гостуваше во емисија кај Елен Деџенерис каде призна дека вирусот имал големо влијание на сите нејзини планови околу венчавката, како и дека нема претстава како ќе организира се повторно.

– Влијае и на мојата венчавка. Навистина, што се однесува до датумот и целата организација немам претстава што ќе биде. Како и целиот свет така и ние сме на чекање, и тоа е нешто што мора да се почека неколку месеци, раскажа пејачката.

инстаграм

Џенифер и Алекс не сакаа да го откријат датумот на венчавката, а тој претходно изјави дека кога ќе дојде до тоа гостите ќе добијат авионски билети, па така многумина нагодуваа дека станува збор за егзотична дестинација и венчавка на плажа.

Со оглед на тоа дека на територијата на цела Америка училиштата се затворени поради пандемијата, Џеј Ло откри дека им се посветила на децата, како и дека им помага за што побрзо да ги совладаат училишните обврски.

Да се потсетиме, Алекс пред нешто повеќе од една година на романтично патување ја запроси Лопез, по што таа со џиновскиот прстен се пофали на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот