Коронавирусот ги измени правилата за доделување на следните Оскари

Американската академија за филм и наука, која е организатор на доделувањето на престижната награда Оскар, најави дека поради престанувањето на работата на кината поради коронавирусот, само филмовите прикажани на стриминг платформите и видео „Pay-per-View“ ќе бидат во конкуренција за доделувањето на Оскарите наредната година, извести Ројтерс.

Досега филмовите можеа да конкурираат за Оскар под услов да се најмалку седум дена прикажувани во некое кино во Лос Анџелес, но и ширум САД, но поради епидемијата на коронавирусот, кината се затворени, а премиерите на бројни нови филмски остварувања се откажани.

Најголемите американски прикажувачки ланци „AMC“, “Regal” и “Sinemark” соопштија дека не очекуваат реактивирање на кино-салите пред крајот на јуни или почетокот на јули.

Терминот за следната церемонија за доделување на Оскарите засега не е променет и би требало да се одржи на 28 февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот