Короната пак прави проблеми во мак-баскетот, позитивни во Пелистер и Вардар

фото: КФСМ

Кошаркарската сезона во Македонија викендов конечно треба да започне по две одложувања, но коронавирусот повторно прави проблеми кај екипите.

На само ден пред стартот на сезоната, две екипи пријавија кошаркари кои се позитивни на ковид-19, прво тимот на Вардар, е вечерва и екипата на Пелистер објави дека во својот табор има заразени кошаркари.

Битолчани информираат дека двајца кошаркари се позитивни на коронавирус, а уште еден има симптоми и се чекаат резултатите од неговиот тест по што екипата доби решение да замине најмалку седум дена во изолација.

Ова значи дека сезоната ќе започне без екипите на Вардар и Пелистер. Вардарци на стартот од сезоната требаше да играат против Црн Дрим, додека Пелистер требаше да му гостува на Кожув.
Со новиот развој на настаните, утре ќе се играат натпреварите помеѓу ТФТ-Куманово и Академија ФМП-Гостивар, додека во недела играат МЗТ Скопје Уни Банка-Еуро Никел како и вечното скопско дерби Работнички-МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот