Корисни совети: Едноставни трикови за успешно готвење

Фото: Pexels

Во кујната ако сте млада домаќинка, сигурно се соочувате со ситуации кога добредојден е било каков совет што ќе ви ја олесни работата. Овие совети се лесни за следење и не бараат големи кулинарски способности.

Дали знаете дека месото кое е жилаво можете да го омекнете ако во водата додадете 2-3 лажици оцет. Месото од постари животни ќе омекне ако пред готвење го потопите во смеса од оцет и масло. За сите кои сакаат да ги совладаат финесите за готвење, еве уште неколку интереси совети.

Како да одмрзнете месо?

Кога месото се одмрзнува полека, тоа помалку ги губи хранливите материи. Најдобро е да го одмрзнувате во фрижидер, ставајќи го месото во покриен сад или чинија. Така ледените кристали се топат полека и дел од влагата се апсробира од страна на мусклуните влакна, кои во голем степен ги опоравуваат своите особини. Ако е потребно брзо одмрзнување, месото оставете го на собна температура 2-3 часа. Избегнувајте одмрзнување со топла вода или на топло место.

Како да ги сочувате бојата и витамините во зеленчукот?

Фото: Pexels

Овенатиот зеленчук потопете го во вода во која сте додале оцет или сол или лимонов сок. Потоа оставете го да се исцеди или да стои во затворен сад. Исечканиот зеленчук ќе ја сочува својата боја ако при варење во водата ставите прстофат сода бикарбона. Зеленчукот секогаш треба да го чувате на темно, затоа што на светло добива горчлив вкус, а компирите позеленуваат.

Компирите секогаш варатете ги лупени во посолена вода и задолжително на тивко, во покриен сад. Варениот компир ќе биде повкусен ако во водата додадете 3-4 чешниња лук или некој зачин. Друг трик, ако варите постари компири, е во водата да додадете малку оцет. Тоа ќе им даде поубав вкус и нема да се разварат. За да не биде тврд и сув, пржениот компир посолете го откако ќе го извадите од мрснотијата. Свежиот компир полесно ќе го излупите ако го потопите во посолена вода.

Фото: Pexels

Како да сварите жилаво месо?

Месото ќе омекне ако во водата додадете 2-3 лажици оцет, а ако е од постаро животно потопете го неколку часа во смеса од масло и оцет. Секое месо ќе добие златна боја и ќе биде покрцкаво, ако при печење го посипете со малку оцет. Кога печете парче месо, треба да го покриете дното на садот со тенки парченца сланина и над нив да го ставите месото. Така нема да загори долу, а ќе добие поубав вкус од сланината која се топи при печење.

Како правилно да похувате месо?

Ако при похување на месото го посипете со зачини, слојот од лебни трошки нема да се одвои. Ако додадете малку масло во матените јајца за похување, слојот од смеса за похување исто така нема да се одвои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот