„Копа Америка“: Бразил може и без Нејмар! (ВИДЕО)

twitter.com/BGT_ENG

Бразил игра пред своите навивачи и е прв фаворит за златото иако во составот го нема еден од најдобрите играчи Нејмар кој е повреден.

Сите дилеми околу победникот беа решени во второто полувреме кога Филипе Кутињо најпрвин двапати се запиша во листата на стрелците.

Во 50 минута играчот на Барселона стрелаше од пенал за водство, а 180 секунди подоцна ја зголеми предноста после асистенцијата на Фирмино.

Конечниот епилог беше поставен во 85 минута, овој пат Евертон ја затресе боливиската мрежа, а асистент беше Фернандињо. Ова беше 100 јубилејна победа на Бразилците.

Првото коло од групата А ќе се комплетира со дуелот во Порто Алегре меѓу селекциите на Венецуела и Перу. Ќе започнат и возбудувањата во групата Б Аргентина предводена од Меси ќе се сретне со Колумбија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот