Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи
Рускиот крипто-милионер Роман Новак, осуден за измама од повеќе милиони долари, е киднапиран и убиен во Обединетите Арапски Емирати заедно со неговата сопруга Ана, по неуспешен обид за изнуда, пишува „Новаја газета“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Двојката била намамена на лажен деловен состанок што се претворил во смртоносно киднапирање со цел да ја преземе контролата врз неговите дигитални средства.
Роман Новак бил познато име во Санкт Петербург, каде што ги измамил инвеститорите за милиони долари преку разни крипто проекти. Откако бил осуден на шест години затвор за измама во 2020 година, тој се преселил во Дубаи. Таму, тој лансирал нова крипто апликација, Fintopio, и наводно собрал стотици милиони од нови инвеститори. Bo Во Русија, Новак бил осуден на казна од шест години затвор за измамата на купувачите на криптовалутата.
На почетокот на октомври, Новак и неговата сопруга тргнале да се сретнат со наводни инвеститори во близина на градот Хата, недалеку од границата меѓу ОАЕ и Оман. Сепак, откако ги смениле возилата и го отпуштиле возачот, тие исчезнале без трага.
Потрагата завршила трагично
По денови без контакт, семејството на Новак ги известило властите. Руските и емиратските власти започнаа истрага, сомневајќи се дека двојката била намамена во изнајмена вила под лажни изговори.
Киднаперите се обиделе да го принудат Новак да му го предаде пристапот до неговите значителни криптовалути, наводно чувани во дигитални паричници поврзани со неговата апликација и претходни измами.

Кога не успеале да дојдат до парите, исходот бил трагичен. Роман и Ана биле убиени, а според порталот „Фонтанка“, кој прв ја објави сторијата на „Телеграм“, нивните тела биле пронајдени распарчени во контејнери во близина на трговскиот центар Хата. Седум осомничени биле уапсени во ОАЕ и Русија кратко потоа, вклучувајќи неколку од Санкт Петербург и еден од Казахстан.
Тие се соочуваат со обвиненија за убиство и финансиски криминал. Таткото и маќеата на Ана отпатувале во Дубаи за да се грижат за малолетните деца на двојката, кои останале сирачиња.
Убиството на Роман Новак и неговата сопруга е брутален потсетник за опасностите што демнат во светот на криптовалутите и алармантниот пораст на таканаречените напади со „клуч“ – физички напади насочени кон изнудување дигитални средства.


