Конечно знаеме кој е Бенкси – голема истрага го откри името на недостижниот уличен уметник
По повеќе од две децении шпекулации конечно е откриен идентитетот на познатиот уличен уметник Бенкси, кој стана култен феномен на 21 век. Тој беше идентификуван како Робин Ганингем од Бристол, роден во 1973 година, во деталната истрага на „Ројтерс“.
Препорачано
Во извештајот се наведува дека во 2008 година, Ганингем го променил своето име во Дејвид Џонс, што е едно од најчестите британски машки имиња, со цел да избегне идентификација.
-Тоа е едно од најпопуларните имиња во Велика Британија, толку често што помага да се скрие на видно место – се вели во извештајот.
Како дел од нивната истрага, новинарите на „Ројтерс“ собрале информации од патувања во Украина, каде што бил фотографиран и разговарал со локалните жители.
Тие, исто така, собрале информации за неговата расправија со јамајканскиот фотограф Питер Дин Рикардс, како и извештај од полицијата во Њујорк во 2000 година за неговото апсење. Извештајот вклучувал и негово рачно напишано признание, во времето кога штотуку започнал да работи под името Бенкси.

Таа ноќ кога бил уапсен, тој сликал џиновски билборд за брендот „Марк Џејкобс“ на покривот на зграда на улицата Хадсон. Бидејќи проценетата штета надминала 1.500 долари, тој се соочил со обвиненија за кривично дело. Сепак, откако го потпишал признанието, обвинението било намалено на прекршок за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил ослободен откако платил казна и завршил неколку дена општествено корисна работа.
Новинарите, исто така, наведуваат дека ја побиле теоријата дека Бенкси е музичарот Роберт Дел Наја, фронтменот на „Масив атак“. Било малку збунувачки што нивната истрага откри дека Дел Наја бил исто така во Украина во 2022 година, но откриле дека тој бил таму со Ганингем. Прегледот на евиденција за гранични премини, доставена до „Ројтерс“ од анонимен извор потврди дека покрај Дел Наја во Украина од Полска на 28 октомври 2022 година на истиот граничен премин, влегол и човек по име Дејвид Џонс, чиј датум на раѓање во неговиот пасош точно се совпаѓа со оној на Робин Ганингем.
Адвокатот на Бенкси, Марк Стивенс, за „Ројтерс“ изјави дека не сака да потврди дали информациите дадени во истрагата се точни. Тој додаде дека Бенкси сака да ја задржи својата анонимност бидејќи бил подложен на закани.
– Анонимното работење или под псевдоним служи на витални општествени интереси. Ја штити слободата на изразување со тоа што им овозможува на уметниците да ја кажат вистината на властите без страв од одмазда, цензура или прогон, особено кога се занимаваат со чувствителни прашања како што се политиката, религијата или социјалната правда – заклучил тој.
View this post on Instagram


