Конечно се најде купувач за банкротираната банка Силикон Вели

Банка на Силиконската долина СВБ / Фото EPA-EFE/CJ GUNTHER

Сите депозити на банкротираната банка Силикон Вели ќе ги купи Фрст Ситизен банка и Tраст Кo., објави во понеделникот Федералната корпорација за осигурување на депозити (ФДИЦ).

Според соопштението на ФДИЦ, 17-те филијали на СВБ повторно ќе бидат отворени во понеделник, на 27 март, додека Фрст Ситизенс Банк и Tраст Компани соопштија дека клиентите на пропаднатата банка „треба да продолжат да ја користат својата сегашна филијала до понатамошно известување“, пренесува „Би-Би-Си“.

Дополнително, штедачите на СВБ автоматски ќе станат штедачи на и на Фрст Ситизен и Tраст Компани. Договорот вклучува купување на имотот на СВБ за речиси 72 милијарди долари со попуст од 16,5 милијарди долари. Дополнително, 90 милијарди долари во хартии од вредност и други средства ќе останат во акредитација за отуѓување на ФДИЦ.

„Ова беше значајна трансакција во партнерство со ФДИЦ која треба да влее доверба во банкарскиот систем“, рече Френк Холдинг, извршен директор на ФСБ.

Заклучно со 10 март, СВБ имаше околу 167 милијарди долари вкупни средства и 119 милијарди долари вкупни депозити. ФС, со седиште во Рали, Северна Каролина, се смета како најголема банка во државата контролирана од семејството и е еден од најголемите купувачи на проблематични кредитори во последниве години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот