Конечно се дозна режисерот кој ќе го снима римејкот на култниот „Scarface“

Фотографија: Instagram

Приказната за Тони Монтана, гангстер кои доаѓа од Куба и станува шеф на подземјето на Флорида, беше брилијантно прикажана од страна на режисерот Брајан Де Палма во филмот „Scarface“ во 1983 година. Снимен е според сценариото на Оливер Стоун. Тоа беше филм кој ја лансираше Мишел Фајфер во ѕвездите, а Ал Пачино го потврди како еден од најдобрите актери во светот. Сега е објавено дека ќе започне снимањето на нова верзија која ќе биде режирана од страна на Лука Гуадагнино, додека сценариото е веќе напишано од браќата Џоен и Итан Коен.

Филмот не само што ќе се базира на верзијата од 1983 година, туку и на оргиналниот филм од 1932 година кој го режираше Хауард Хокс, а во кој во подземјето на Чикаго владее Тони Камонте кој го игра Пол Муни. Последниот филм на режисерот Лука бил „Suspiria“, римејк на италијански хорор класик, со Дакота Џонсон, Тилда Свинтон и Клои Мортез во главните улоги. Моментално завршува снимањето на HBO серијата „We Are Who We Are“ каде играат Алис Брага и Кид Куди, а во план му е да режира и уште еден римејк наречен „Lord of the Flies“, чии претходни верзии се од 1963 година и 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот