Конечно се договорија Барселона и Јувентус!?

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Се очекува Пјаниќ да се пресели на „Камп Ноу“, а Бразилецот Артур да оди во италијанскиот шампион.

Како што информира италијанската „Ла Република“, до крајот на овој месец треба да се реализира размена на играчи помеѓу Барса и Јуве. Желбата на Барселона е да го ангажира ова лето 30-годишниот босански играч од средниот ред, Миралем Пјаниќ.

Претходно според познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, тоа ќе се случи доколку Јувентус го пушти 23-годишниот Артур кој исто така игра во средниот ред.

Бразилецот прво одби да го напушти каталонскиот гигант, но најверојатно наскоро ќе го облече дресот на „Старата дама“.

Во овој трансфер би требало да бидат вклучени уште и Матија Де Шилјо кој од Јуве ќе се пресели во Барселона, а Нелсон Семедо од „Камп Ноу“ во Торино.

На клубовите им преостанува да ги одредат деталите со тоа што италијанскиот шампион го проценува Пјаниќ на 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот