Конечно ќе глумат еден покрај друг: Сандра Булок и Бред Пит во најочекуваниот филм за оваа година

Фото: Профимедиа

Холивудските актери со долгогодишни кариери, Сандра Булок и Бред Пит досега никогаш не биле заедно на филмското платно, но тој факт ќе стане минато, а тие двајца конечно ќе глумат еден покрaј друг во филмот „Брзиот воз“, објави „Deadline“.

Станува збор за еден од најочекуваните филмови кој спаѓа во жанрот акција и во моментов е во фаза на снимање. „Брзиот воз (Bullet Train)“ го режира Дејвид Лич, а неговата приказна е заснована на романот „Марија Битл“ од јапонскиот автор Котаро Исака.

Книгата, како што забележале и читателите, има неколку сличности со хит-филмот „Брзина“ од 1990-тите, каде што токму Сандра Булок глумеше покрај Кијану Ривс.

На Сандра Булок и Бред Пит ќе им се придружат и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Мајкл Шенон, Логан Лерман и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот