Конечно и се исполни желбата: Атиџе од „Медена земја“ ја сними својата прва песна „Покрај река Брегалница“ (ФОТО)

Фото: Твитер

Атиџе Муратова, ѕвездата од документарниот филм „Медена земја“, конечно влезе во музичко студио и ја сними песната „Покрај река Брегалница“.

Екипата на „Медена земја“ на црвениот оскаровски килим

Станува збор за песна која е создадена лично од Атиџе, а јавноста за првпат ја слушна во документарниот филм.

Фотографија од снимањето на песната на Твитер сподели кинематогрфот Самир Љума.

Погледнете:

 

Освен во македонскиот документарен филм кој се натпреваруваше за два оскари, Атиџе ја покажа својата љубов кон музиката и на овогодинешното издание на Златна Бубамара кога на сцената запеа, а публиката ја поздрави со неколкуминутен громогласен аплауз.

БУБАМАРА 2020: Атиџе Муратова со екипата на Медена Земја / Фото: Драган Митрески – Слободен печат

Ја запознавме кралицата на медот (ГАЛЕРИЈА)

Атиџе со порака до читателите на „Слободен печат“: Кога е природен, медот е лековит (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот