Атиџе со порака до читателите на „Слободен печат“: Кога е природен, медот е лековит (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Додека сум жива не ги оставам пчелите- вели Атиџе за „Слободен печат“.

Протагонистката од документарниот македонски филм „Медена земја“ за читателите на „Слободен печат“ раскажува за своето детство, за раните почетоци кога почнала да се занимава со одгледување на пчелите.

-Уште од 12 години одгледувам пчели. Мајка ми кажуваше дека и мојот дедо одгледувал пчели, колку да имаат за јадење, татко ми пак, е алергичен на пчели- вели Атиџе за „Слободен печат“.

Пчелите уште од мај месец знаат дека ќе пристигне зимата и собираат мед за нив, многу се осетливи, вели Атиџе во прилогот подготвен за „Слободен печат“.

-Ако сакаш да купиш мед за лек, мора да биде природен. Пробав мед во Турција, но има разлика. Ние имаме многу билки и затоа е природен и лековит. Додека сум жива не ги оставам пчелите- вели Атиџе за „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот