Комплетно реновиран првиот кат на Клиниката за гастро

Фото: Влада на РСМ

Комплетно е реновиран првиот кат на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Во најголем дел, реновирањето е финансирано од Командата на Соединетите Американски Држави за Европа, во вредност од над 400-тини илјади американски долари.

Премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и амбасадорката на САД во државава, Ангела Агелер ја посетија болницата изјави дека најтешко болните пациенти кои имаат потреба од третман на Клиниката, отсега ќе престојуваат во достоинствени услови и ќе добиваат современи медицински услуги.

Република Северна Македонија е на вистинскиот колосек, имаме искрени и вистински пријатели од меѓународниот демократски свет и ете ова значи да се биде кредибилен партнер на меѓународната заедница, рече премиерот Ковачевски кој се заблагодари на САД за континуираната поддршка.

Фото: Влада на РСМ

Амбасадорката Агелер, во обраќањето порача дека оваа поддршката е како за пациентите, така и за посветениот медицински персонал на Клиниката.

Целиот кат на Клиниката е целосно реновиран и значително го подобри не само нејзиниот капацитет, туку и нивото на услуга што им ја дава на граѓаните. САД, ЕК донираат 400.000 долари за реновирање и тоа е само уште еден пример за долгогодишната посветеност што ја направивме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да изгради доверба и квалитет во институциите, посочи таа.

Фото: Влада на РСМ

Директорката на Клиниката, Д-р Калина Гривчева-Сарделова, директорката на Клиниката во своето обраќање посочи дека со ова се означува комплетно завршување на еден процес и оти сега имаат најсовремени услови за работа што одговараат за терцијарна здравствена установа.

Проектот за реконструкција кој го завршивме е голем и значаен, бидејќи ова е негово прво темелно реновирање откако е изграден објектот на Интерните клиники, пред повеќе од 60-тина години. Клиниката за гастроентерохепатологија е доказ дека кога се сака се може, со заеднички пристап и меѓусебна поддршка на сите вработени, порача д-р Гривчева-Сарделова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот