„Комити“ со голема најава: Билет за спас на ФК Вардар!

Фото: facebook.com/KomitiZapad87

Навивачката група „Комити“ која во добри и лоши моменти секогаш го бодри фудбалскиот клуб на Вардар така и сега да помогне на финансиски план…

Поради ситуацијата со ковид-19 и натаму е забрането да доаѓаат на стадионите, но наредниот месец ќе се обидат виртуелно верните „Комити“ да ја исполнат Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје кој е со капацитет од 36.500 седишта.

На 14 февруари 2021 година е вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, како одличен повод да се спаси финансиски Вардар, друга опција не е во игра. Еден билет ќе чини 100 денари.

– Секој од нас бил во ситуација да не е еден од оние среќници кои дошле до карта да бидат покрај нашиот Вардар на важен, историски натпревар. Имало и ситуации кога не сме биле покрај Вардар поради ограничен капацитет, скапи карти, визи, болест, работа, радосни моменти, трагедии…

Ако сме искрени, најголемиот дел од нас не биле покрај Вардар и кога немало никакви изговори, кога зјаел празен Градски иако сите услови ни биле достапни. За секоја критика сме поради тоа…

Во ситуацијава во која се наоѓаме, субјективно гледано немаме директен удел, но во реалноста имаме поради пасивноста на поголемиот дел од нас, и неможноста да се прилагодиме на новонастанатата ситуација по распадот на старата држава, неатрактивноста на првенството и навивачките дуели.
Вистинските навивачи се покрај својот клуб без оглед на тоа кој е противник, кога, каде и под какви услови. Со секој натпревар Вардар а и ние сме побогати за ново искуство, дружба, забава, тага, радост…

Судбината понекогаш знае да си поигра со нас, па така на најважниот натпревар во историјата на нашиот Вардар, ни поставува задача да го наполниме Градски, а иронично, притоа да не бидеме физички присутни на трибините.

Капацитетот на нашиот Градски е 36.500 седишта.
Очекуваме сите да го дадеме својот придонес и барем виртуелно да го исполниме цел стадион на еден натпревар. Еден натпревар кој ќе ја продолжи надежта на краток рок, но на долг рок ќе биде врежан со печатот на вечноста.
Еден натпревар на кој ќе бидеме отсутни а истовремено нашата присутност ќе се почувствува како никогаш предходно.

Прв домашен натпревар е вечното дерби на Македонија, Вардар – Пелистер закажан за 14.02.2021г.
Доста беше седење на страна и коментирање – ова е шанса конечно сите заедно да бидеме еден – СПАС ЗА ВАРДАР ! Друга опција не е во игра…
Еден билет ќе кошта 100 ден.

Време е на дело да покажеме колкава е нашата љубов кон Вардар
Ќе има инструкции многу скоро, но ќе најавиме максимална транспарентност во секој чекор …

– Комити Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот