Колку време е безбедно да се чуваат остатоците од празничната храна во фрижидер?

Фото: Pexels / Karolina Grabowska

Во празничниот период, нашите фрижидери постојано се полни со остатоци од храна. Затоа, не е чудно што многумина се прашуваат колку долго е безбедно да се чуваат остатоците од празничната храна, пишува „Дејли мејл“.

Според агенциите за безбедност на храна, зготвената риба и месо може да се чуваат во фрижидер три до четири дена. Доколку се работи за млечни производи, одговорот зависи од состојките што се користат за подготовка на јадењето. На пример, сирењето трае подолго од павлаката.

Докторот Бабал Ашрафи објаснува дека постојат неколку фактори, вклучувајќи ја температурата на вашиот фрижидер, свежината на храната пред празниците, како се подготвувала храната и како се чувала, кои влијаат колку долго можете да ја чувате храната во фрижидер.

„Генерално, безбедно е да се чува храната неколку дена по празничните собири, доколку правилно се чува во фрижидер. Но, проверете го мирисот и изгледот на храната пред секоја употреба“, вели др. Бабак Ашрафи.

Температурата во најстудениот дел од фрижидерот треба да биде под 5 степени Целзиусови. Ако консумирате месо кое било на повисока температура или предолго стоело, ризикувате да се труете.

„Оставањето на месото на собна температура или недоволното замрзнување може да го поттикне растот на бактериите и да доведе до болести кои се пренесуваат преку храна. Одредени бактерии, како што се салмонела и ешерихија, можат да растат во месото и да предизвикаат повраќање, дијареа и болки во стомакот“, објасни тој.

Ако храната мириса лошо или не изгледа добро, фрлете ја. Доколку не сте сигурни, повторно се советува да го фрлите. Тоа е подобра опција од ризикот од труење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот