Колку вистински функционира американската блокада на Ормускиот Теснец?

Откако во понеделникот започна американската блокада на Ормускиот Теснец, наспроти американските тврдења дека не минал ниту еден брод, според анализата на британски „Би-би-си“ сепак низ теснецот минале вкупно 15 бродови од кои девет имаат врски со Иран.

Ова меѓудругото се наведува во текстот на британскиот медиум каде меѓудругото се вели дека според Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) блокадата се однесувала на сите бродовите што влегувале и излегувале од иранските пристаништа. Оние бродови што транзитираат низ Ормускиот Теснец до и од неиранските пристаништа сепак не се засегнати со американскиот потег за блокирање на морскиот сообраќај.

Она што е интересно е дека, според ажурираните податоци од вторникот, ЦЕНТКОМ соопшти дека во првите 36 часа од блокадата не поминал ниту еден брод. Иако шест бродови, се обиделе да минат низ теснецот, тие подоцна по следењето на американските упатства сепак се вратиле на своите почетни позиции, пренесува Би-Би-Си.

Медиумот наведува дека податоците од следењето на бродовите покажале дека шест бродови што минале низ теснецот претходно посетиле иранско пристаниште.

Танкерот „Рич Стари“, санкциониран од САД, пловел источно од Шарџа во ОАЕ низ теснецот, но се свртел и се вратил во Заливот во средата.

Дополнително, два брода под иранско знаме исто така биле следени како ја напуштаат близината на иранското пристаниште Чабахар, источно од Ормускиот Теснец на јужниот брег на Иран, по почетокот на блокадата. Сето ова укажува дека сепак некои од танкерите успеваат да ги минат блокадите од двете страни на Ормунскиот Теснец, посочува британскиот медиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот