Колку пратки се испорачани навреме, а колку изгубени: анализа на курирските услуги во Србија

Курирските услуги во Србија во рок од еден ден испорачале 80,50 отсто од пратките, додека 3,16 отсто од пратките имале време на пренос од повеќе од пет дена, покажува анализата што ја спроведе РАТЕЛ за работењето на пет поштенски оператори со значителна пазарна моќ, пишува Н1.

Регулаторното тело за електронски комуникации и поштенски услуги – РАТЕЛ, во периодот од октомври до декември 2023 година, спроведе компаративно мерење и анализа (бенчмаркинг) на параметрите за квалитет на експресните услуги, за пет поштенски оператори со значителна пазарна моќ.

Според извршеното мерење, просечното време на пренос на експресните пратки во Србија е 1,26 дена.

„Просечното време потребно за воспоставување комуникација со оператор на кол-центар кога се бара да се подигне пратка на адреса е три минути и 10 секунди. Просечното време од поднесување на барање за подигање на пратките до пристигнувањето на курирот на адресата е четири часа и 16 минути“, се вели во соопштението на РАТЕЛ.

Што се однесува до барањата за подигање пратки кои не биле реализирани, во просек има 35,20 проценти (барањата кои биле одбиени веднаш при јавување во кол центарот или курир не дошол да ја подигне пратката).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот