Колку е здрава киселата вода и кога не треба да ја пиете!

газирана вода
Фото: Profimedia

Газираната вода може да биде добро освежување во жешките летни денови. Но, додека некои често ја пијат, други сепак сметаат дека тоа не е толку здраво за организмот.

Постојат одредени предности на газираната вода, но и недостатоци. Разликата меѓу минералната и обичната вода е само во меурчињата и дополнителните минерали, а ова се некои од аргументите за и против минералната вода.

Предности на консумирање кисела вода

Кога времето е топло, киселата вода ќе ве освежи и ќе го замени газираниот сок, кој е полн со шеќер и со самото тоа е многу нездрав за организмот. Благодарение на минералната вода, ќе внесеме доволно магнезиум, цинк и калиум во организмот. Исто така, се смета дека киселата вода добро влијае на концентрацијата и го намалува нивото на замор. Киселата вода доведува до
намалување на срцевите заболувања, особено ако ја пиете онаа што содржи магнезиум. Ја подобрува густината на коските и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Помага и кај проблемите со варењето на храната и запекот. Киселата вода не содржи шеќер, го хидрира телото и го освежува организмот.

Ако се пие на празен стомак, киселата вода создава чувство на ситост, поради што може да биде добар сојузник за слабеење. Во тој случај, избегнувајте минерална вода со дополнителни засладувачи. Ако сакате да го подобрите вкусот на минералната вода, во чашата ставете парче лимон или портокал.

Недостатоци на консумирање минерална вода

Претходните истражувања ги испитувале влијанијата на минералната вода врз организмот, покажувајќи дека пиењето газирани пијалаци може негативно да влијае на здравјето на коските. Исто така, се верува дека газираната вода го поттикнува гладот ​​и дека не може организмот да го одржи хидриран колку што може обичната вода.

Научниците од универзитетот „Бирцејт“ наведуваат дека хормонот на глад „грелин“ се интензивира со пиењето газирана вода. Луѓето кои пијат газирана вода со појадок имаат петпати поголема концентрација на овој хормон. Студија која се занимавала со влијанието на минералната вода врз густината на коските, при што една група испитаници пиела литар газирана вода осум недели, а друга литар обична вода дневно, покажала дека немало никаква разлика во густината на ткивата на испитаниците помеѓу овие две групи.

Меѓутоа, ситуација во која дефинитивно треба да пиете обична наместо минерална вода е по вежбање. Понекогаш газираната вода може да предизвика таложење на гасови во цревата и да предизвика надуеност и непријатно чувство во стомакот, па потребно е да ја избегнуваат луѓето со чувствителен стомак. Во спротивно, можете слободно да пиете газирана вода, освен ако не ви годи или имате некои проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот