Колинда по мандатот ќе продолжи да работи на „брендирање на Хрватска“

Таа за телевизија Нова изјави дека по 18 февруари мислела дека нема да бара канцеларија, но се премислила.

Хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар Китаровиќ, се премисли и се откажа од намерата да не бара канцеларија што ќе ја користи по истекот на мандатот на 18 февруари, јавија хрватските медиуми.

Порталот Индекс потсетува дека Грабар-Китаровиќ го започна мандатот со ветување дека ќе го премести претседателскиот кабинет од Пантовчак заради штедење.

„Го завршува со најава дека ќе бара канцеларија која ќе ја користи по истекот на мандатот”, коментира порталот.

Таа за телевизија Нова изјави дека по 18 февруари мислела дека нема да бара канцеларија, но се премислила.

Сака да „продолжи да работи на брендирање на Хрватска” и за тоа и треба база. Китаровиќ истакна дека не може да седи некаде и да не прави ништо.

Тврди дека нејзиниот наследник Зоран Милановиќ нема ниту да го критикува, ниту да го фали, ниту ќе ја коментира неговата работа.

– Но, она што ќе продолжам да го правам е да ја брендирам Хрватска, да ги промовираме нашите интереси, да работам на решавањето на социјални проблеми, од злоставување во Хрватска воопшто, не само во семејството, туку и во училиштата и на други места, заштита на животната средина, чист Јадран и слично, рече Грабар-Китаровиќ.

Според сегашните регулативи, Грабар Китаровиќ има право шест месеци да добива надомест во висина од 24.376,20 куни (околу 3.200 евра) , а потоа уште шест месеци 50 проценти од таа плата.

Како поранешен претседател, таа пет години има право на канцеларија, на двајца државни службеници, личен возач и службено возило, а правото на физичка заштита е трајно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот