Колинда и Милановиќ разговарале за транзицијата на претседателските должности

Фото: ЕПА

По средбата со претседателката во заминување, Милановиќ на својот Фејсбук профил напиша дека средбата со Китаровиќ била на Пантовчак (седиштето на претседателот на Република Хрватска).

Три дена по претседателските избори денеска во Загреб се сретнаа претседателката во заминување и нејзиниот наследник, Колинда Грабар-Китаровиќ и Зоран Милановиќ, а тема на разговорот била транзицијата на претседателските должности, потврдија двете страни.

По средбата со претседателката во заминување, Милановиќ на својот Фејсбук профил напиша дека средбата со Китаровиќ била на Пантовчак (седиштето на претседателот на Република Хрватска).

„Оддржавме работна средба на која разговаравме за транзицијата на претседателските должности”, напиша Милановиќ.

Актуеланата претседателка во изборната ноќ му ја честитате победата на Милановиќ и го повика да испијат кафе пред официјалното примопредавање на власта, и додаде дека се надева дека двајцата ќе соработуваат во преносот на власта.

Инаугурацијата на Милановиќ ќе се одржи на 18 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот