Колин Хувер / Фото: Profimedia

Колин Хувер се лекува од рак: Авторката на „Ова завршува со нас“ откри дека минува низ тежок здравствен период

Американската писателка Колин Хувер, позната по бестселерите „Ова завршува со нас“ (It Ends with Us), „Верити“ (Verity) и „Сурова љубов“ (Ugly Love), јавно соопшти дека се подложува на лекување од рак. Информацијата за својата здравствена состојба таа ја сподели преку објави на социјалните мрежи.

Во понеделникот, на 12 јануари, Хувер објави фотографија на својот инстаграм-профил на која позира во болничка облека, непосредно пред терапија со зрачење.

„Претпоследен ден од зрачењето. Би сакала косата и изразот на лицето да можам да ги обвинaм за терапијата, но беа одлични. Се надевам дека никогаш нема да ви затребаат, но топло ги препорачувам“, напиша таа, осврнувајќи се на онколошката клиника во Тексас.

Фото: Инстаграм/Колин Хувер

Во декември, писателката го откажа своето учество на промотивен настан поврзан со филмската адаптација на романот „Без каење“ (Regretting You). Тогаш соопшти дека мора да оди на „неизбежна операција“ и дека извесен период нема да може да патува.

Набргу потоа, во објава на својата приватна фејсбук-страница наменета за обожавателите, Хувер подетално проговори за дијагнозата. Таа напиша дека за време на престојот во Канада, каде што се снимал филмот „Споменот на него“ (Reminders of Him), кој треба да излезе во кината на 13 март, имала повторливи здравствени проблеми чие решавање постојано го одложувала.

По враќањето дома, ѝ бил дијагностициран рак, кој, како што наведе, потоа бил хируршки отстранет. Таа додаде дека лекувањето ќе го продолжи со терапија со зрачење, без потреба од хемотерапија.

Откриена е астрономската сума што Блејк Лајвли ја заработила од снимањето на филмот „Ова завршува со нас“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот