Фото: Pexels

Која група луѓе никогаш не смее да јаде портокали?

Тешко е да се набројат добрите страни на портокалот, но меѓу најважните секако треба да се истакне дека, со мошне малку калории, содржи многу витамини, минерали и антиоксиданти.

Меѓу витамините најважни се Ц, Е, Б, како и провитаминот А, а од минералите калциумот, потоа магнезиумот, фосфорот и калиумот.

Ја поттикнува работата на цревата, двојно позитивно делува на крвта и крвните садови. Прво, со намалување на нивото на лошиот холестерол и второ, со намалување на задебелувањето на крвните садови.

Благотворно делува и на косата и на ноктите, па би било добро да јадете барем еден портокал секој ден. Богат е и со шеќер, кој на организмот му дава енергија.

Портокалот е добро да се зема во која било форма, цел или сок, но целиот плод е сепак подобар, најмногу поради влакната што ги содржи во значителна количина. Меѓутоа, кога тој термички се обработува и преработува, на пример, во мармалад, се губат лековитите својства на витаминот Ц, за кој е познато дека е термолабилен витамин.

За чувствителните луѓе ова овошје може да предизвика проблеми, па затоа треба да се ограничи неговото внесување. Портокалите не треба да се даваат на деца под една година, бидејќи киселината од нив може да предизвика многу непријатен, дури и болен осип кај бебињата.

Инаку, портокалите доаѓаат од Кина и Индија. Едно дрво може да вроди со плод до сто години и да живее до 500 години. Плодовите зреат во зима, поточно од јануари до март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот