ФОТО | Шведската манекенка си го присвои хрватскиот остров: Ги бркала посетителите, а населила кокошки

Изабела Виола Линдблом Фото Профимедиа колаж
Изабела Виола Линдблом / Фото: Профимедиа

Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом (31), повеќе од еден месец престојувашe на ненаселениот хрватски остров Јаз кај Рогозница. Како што пишува хрватските медиуми, Швеѓанката се однесувала како островот да е нејзин, па дури и ги растерала посетителите, а на островот населила и кокошки.

Манекенката, во меѓувреме, ги крена на нозе хрватските институции со „присвојувањето“ на државниот остров.


Мештаните се запознале со чудната и богата манекенка. Таа им плаќала за услугите на луѓето кои со чамци ѝ носеле разни работи на островот, а „на некој начин уживала и заштита на поединци кои гледале лична корист во нејзиното богатство и потребните услуги“.

Според последните информации што ги пренесуваат хрватските медиуми, Изабела го напуштила ненаселениот остров Јаз кај Рогозница откако полицијата издала решение да го напушти островот со сите нејзини работи во рок од 24 часа.

„Нашиот комунален редар излегуваше два-три пати на дојавата за нередот што го прави оваа жена на островот Јаз. Интервенираше и поморската полиција, која ѝ наплати парична казна и ѝ даде рок од 24 часа да го напушти островот. Не сме ја виделе во последните денови, па ќе одиме да провериме дали уште е таму. Поморската полиција повторно ќе провери. Тие веќе си го завршија својот дел со тоа што ѝ издадоа решение со казна и рок за иселување од островот“, изјавила Анита Живковиќ,  градоначалничка на Општина Рогозница.

Фото: Профимедиа

Полицијата соопштила дека Линдблом престојувала на островот Јаз без да го пријави престојот во Република Хрватска и без дозвола од надлежните органи и дека поради тоа е казнета. Таа добила рок во кој мора да го напушти островот и да го пријави престојот на територијата на Република Хрватска.

Изабела, во меѓувреме, била видена во автобус во Сплит.

Еден читател на „Јутарњи лист“ рекол дека манекенката ексцесно се однесувала во автобусот. Тој тврди дека вчера се качила во Трогир и дека на самиот влез во Сплит излегла целосно дезориентирана.

– Таа е целосно некохерентна, зборува и се расправа самата со себе, потоа се скара со неколку патници, а потоа го нападнала и возачот. Му рече: Каде одам, каде ме возиш? Тој не знаеше англиски, па веројатно тоа уште повеќе ја вознемири. Се плашев физички да не го нападне и да не му попречи во возењето и да нè загрози сите. Се јавив и во полиција, а таму ме прашаа: Дали сте вие лекар кога знаете дека ѝ треба помош? – раскажува сплиќанецот.

Фото: Профимедиа

Инаку, познатата манекенка во Хрватска пристигнала лани и извесно време поминала во Загреб, а потоа, кон крајот на април почнала да живее на малиот остров. Швеѓанката немал куќа на островот, наводно спиела во мрежа разапната меѓу стеблата. Поради нејзините постапки реагирали и комуналните редари, но и полицијата. До копното често пловела сама, во гумен чамец. Но, користела и „локални“ кои ја возеле каде сака.

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот