Кој сакал да ѝ помогне? Покрената акција за собирање пари за Амбер Херд, уплатите набргу се прекинати

Фото: Профимедиа/Твитер

По завршувањето на епското судење помеѓу двајцата поранешни сопружници Џони Деп и Амбер Херд, судијата и поротноците одлучија дека Деп не е виновен.

Поротата во Ферфакс, Вирџинија, минатата недела одлучи Деп да добие повеќе од 10 милиони долари отштета откако Херд напиша напис во „Вашингтон пост“ во кој се опишува себеси како жртва на злоставување и семејно насилство.

Самата Херд добила отштета од 2 милиони долари за коментарите на поранешниот адвокат на Деп, што значи дека на својот поранешен сопруг му должи вкупно 8,35 милиони долари. По пресудата, на GoFundMe започна кампања за собирање средства наречена „Правда за Амбер Херд“.

Фото: Твитер

Во меѓувреме, GоFundMe го прекина собирањето средства кои би требало да ѝ помогнат на Амбер Херд да му исплати на Џони Деп дел од парите што му ги должи по судењето за клевета.

амбер херд
Амбер Херд и нејзиниот адвокатски тим / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Акцијата на GoFundMe имаше за цел да собере милион долари и тврделa дека сакаат да ѝ помогнат на Амбер да му го плати на Деп она што сега му го должи со пресудата.

„Веруваме дека Амбер и социјалните мрежи го заштитиле насилникот. Казната е поголема од тоа што таа го има. Толку е тажно што тој успеа да се извлече од злоставувањето. Пресудата го потпомага тоа злоставување. Известени се нејзините адвокати“, се вели во описот пред да се прекинат уплатите .

Не е јасно точно колку долго траеше кампањата за собирање средства, но таа е затворена откако GoFundMe утврди дека ниту Херд, ниту некој од нејзиниот тим не ја креирал страницата. Портпаролот на страницата за собирање средства изјавил за американскиот портал ТМЗ дека успеале да ја запрат акцијата пред да се собере значителна сума пари.

Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

Деп ја прослави победата на суд во паб: Актерот видно расположен

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот