Кој е мултимилионерот кој летува во Хрватска со еден куп девојки и се фали со неговиот разгален стил на живот?

инстаграм

Со своите речиси 32 милиони следбеници, Дан Билзериан е прогласен за „Крал на Инстаграм“, а познат е по забавите и дружењето со бројни убавици, кои главно се полуголи додека се во негово друштво.

Милтимилионерот Дан Билзериан (39) во средата на Инстаграм се пофали дека пристигнал во Хрватска. Тој покажа дека е во Сплит, а ги посетил и околните островчиња. Билзериан инаку е познат по својот разгален и нетипичен начин на живот, но кој е тој всушност?

инстаграм

Со своите речиси 32 милиони следбеници, Дан Билзериан е прогласен за „Крал на Инстаграм“, а познат е по забавите и дружењето со бројни убавици, кои главно се полуголи додека се во негово друштво.

инстаграм

Дан е роден во 1980 година во Тампа на Флорида, а неговиот татко Пол Билзериан се збогатил со тргување на Волстрит. Со цел да ја обезбеди иднината на Дан и неговиот брат, Пол основал фондови додека тие се уште биле деца, а од кои тие и денес се финансираат.

инстаграм

Мултимилионерот со играње на покер започнал професионално да се занимава во 2009 година, но и покрај тоа што не остварувал добри резултати, публиката неколку пати го прогласила за најсмешниот играч. Во текот на кариерата бил поврзан и со бројни славни лица, а јавно го бранеше и вереникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез кога го обвинија дека прокоцкал големи пари.

инстаграм

Билзериан низ годините неколку пати се фалеше дека заработил милиони на покер. Призна и дека загубил „само“ 3,6 милиони долари, но наводно добил повеќе од 60 милиони.

инстаграм

Тој имаше проблем и со властите, а во август 2014 година му го забранија и влезот во еден ноќен клуб во Мајами бидејќи ја удрил манекенката Ванеса Кастано во текот на една кавга. Подоцна изјави дека Кастано и нејзината пријателка ја нападнале неговата партнерка со која тој бил таа вечер. На крајот на истата година го тужеше и порноактерката Џенис Грифит, која ја фрли од кровот на куќата во базен поради фотографирање, а таа при падот со ногата удри на работ од базенот и ја скрши.

инстаграм

Една година подоцна тој најавуваше како планира да се впушти во трката за Белата куќа, но од тоа се откажа и на крјаот го поддржа Доналд Трамп на изборите.

На почетокот на октомври 2017 година Билзериан беше присутен за време на едно пукање во Лас Вегас, од каде постојано снимаше и објавуваше видеа на Инстаграм. Прво објаснуваше дека се обидува да се сокрие од напаѓачите, а на крајот истакна дека и тој „морал да посегне по пиштолот“. Многумина го критикуваа поради тој потег.

инстаграм

Билзериан инаку живее на релација Лос Анџелес – Лас Вегас, каде има луксузни куќи. Кружат гласини и дека преживеал два срцеви удари кои ги добил како последица на дрога и алкохол, но тоа никогаш не е потврдено. Билзериан нагласи дека пишува автобографија, а на оној кој ќе му смисли најдобар наслов ќе му подари 5000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот