Кој би рекол: Украина светски шампион во фудбал!

twitter.com/FCShakhtar_eng

Конечниот резултат е 3:1 за младите украински надежи, иако поведиа корејските играчи уште во петтата минута преку Ли.

Но, во понатамошниот период од средбата доминираше Украина која најпрвин израмни благодарение на Суприага во 34. минута.

Истиот играч на стартот од второто полувреме донесе предност за својата селекција, а сите дилеми околу победникот ги реши Цитаишвили во 89. минута од средбата во Лоѓ, Полска.

На патот до финалето Украина во групната фаза го освои првото место, славеше против САД (2:1) и Катар (1:0), а ремизираше со Нигерија (1:1).

Во осминафиналето убедливо со 4:1 ја совлада Панама, па во четвртфиналето со 1:0 ја елиминираше Колумбија, а во претпоследната пречка исто така со 1:0 ја исфрли Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот