Кои институции најмногу ги кршат правата на граѓаните и каде да бараат правда? Утре во „Слободен печат“

Фото: Слободен печат

Кои институции на државно и на локално ниво најмногу ги кршеле правата на граѓаните? Каде обесправените граѓани може да побараат правда? Колку претставки пристигнале годинава на адреса на Народниот правобранител? Во утринската емисија „Слободен печат“ гледајте го интервјуто со Насер Зибери, Народен правобранител на РС Македонија. Со него разговараме и за другите важни прашања од надлежноста на омбудсманот.

Еден вид на камен кој постои во Велика Британија и е многу популарен по својата боја и издржливост, бил често мета на крадци. Тие оделе до таму што го корнеле од ѕидовите или од подот на историски објекти.

Велика Британија воведува нови закони за справување со антисоцијалното однесување, причина е зголеменото девијантно однесување во последните години. На ова тема дискутираме со нашата дописничка од Лондон, Жанета Скерлев.

Со Калиа Димитрова-писателка, активистка и основачка на феминистичката платформа „Медуза“ разговараме за нејзините поетски збирки, платформата „Медуза“ но и за нејзините истражувања за феминизам.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот