Кои банани се поздрави, позелените или позрелите – жолтите?

Unsplash
Unsplash

Бананите се омилено овошје на многумина. Некои сакаат да ги јадат кога имаат зрела и жолта боја, додека други ги сакаат додека сè уште зелени. Кои се поздрави?

Зелени банани

Една голема предност на зелените банани е тоа што тие се богати со скроб. Луѓето кои избегнуваат храна богата со шеќер треба да јадат зелена банана. На пример, луѓето со дијабетес тип 2 треба да избегнуваат жолти банани.

Покрај тоа, зелените банани имаат и пробиотички бактерии, односно добри бактерии кои се исклучително добри за варењето на храната. Незрелите банани можат да ви помогнат подобро и поефикасно да ги апсорбираат хранливите материи, како што е калциумот.

Еден недостаток на зелените банани е тоа што содржат помалку антиоксиданти бидејќи количината на антиоксиданти се зголемува со зреењето на бананите. Зелените банани можат да доведат до надуеност поради поголемиот процент на скроб.

Зрели – жолти банани

Штом зрее, скробот се претвора во шеќери, така што жолтите банани полесно се варат. Повисокиот гликемиски индекс на зрели банани покажува дека тие брзо се варат. Зрелите банани имаат и поголемо ниво на антиоксиданти.

Студиите покажуваат дека одредена количина макронутриенти во бананите се намалува за време на процесот на зреење. За да добиете повеќе витамини и минерали, подобро е да јадете зелени банани. Жолтите банани имаат поголема содржина на шеќер, па затоа не се погодни за луѓе кои имаат дијабетес.

На кратко, и зелената и жолтата банана имаат свои предности и недостатоци. Можете да ги јадете и двете за да внесете одредени хранливи материи во вашето тело.

Клучната разлика е во тоа што луѓето кои имаат дијабетес тип 2 треба да избегнуваат жолти банани поради поголемата содржина на шеќер, пишува „One green planet“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот