Кога ја нема Меланија: Трамп „фрли“ око на првата дама на Аргентина (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на престојот во Јапонија, на самитот Г20 беше без својата сопруга Меланија, а тоа го искористи, како што тврдат корисниците на социјалните мрежи, да „фрли око“ на првата дама на Аргентина, Џулијана Авада.

Џулијана инаку важи за една од ретките жени која може да ја помати убавината и стилот на Меланија, а однесувањето на Трамп дефинитивно им оди во прилог на ваквите тврдења.

Имено, додека светските лидери позираа за потребите на заедничката фотографија, Трамп се заврти кон аргентинскиот претседателски пат, кој стоеше зад него, па им шепнал нешто досетливо по што сите гласно се насмеаа, а тој потоа гордо се заврти напред со насмевка од уво до уво.

Пред оваа ситуација, која веднаш предизвика внимание кај Твитерџиите и светската јавност, Доналд и Џулијана се ракуваа, но и се бакнаа.

„Трамп ги игнорира светските лидери и флертува со аргентинската прва дама. Изгледа дека таа е негов тип“, „Сакате да се кладиме дека ќе отпатува во Аргентина во следните три месеци?“, „Изгледа дека Меланија е престара за него, па сега бара нови модели“, беа само некои од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот