Кога е најтешко – Кире Лазаров

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Капитенот на македонската репрезентација по веќе видено сценарио од минатото, го постигна победничкиот гол во послендите секунди од средбата за победа од 26:25 над Украина во првото коло на ЕП.

Македонската ракометна репрезентација оствари тешка победа над Украина во првото коло на Европското првенство и тоа благодарение на капитенот Кире Лазаров. Ракометарите со 26:25 ја победија Украина и тоа со голот на Лазаров во последната секунда иако во вториот дел предноста изнесување и пет голови, а на голот беше фантастичниот Никола Митревски.

Македонија уште од самиот почетокот ја контролираше играта и резултатот и ги натера Украинците да го бркаат резулатот. Веќе по 10 минути Македонија имаше предност од три гола, а благодарение на интервенциите на Митревски предноста се крена и на четири гола (13:9) во самиот финиш од првото полувреме, но во последниот напад противникот постигна гол.

Во второто полувреме Украина ја промени тактиката, почна да игра „седум на шест“, но и тоа не им донесе ефект бидејќи предноста на Македонија постојано изнесуваше 3-4 гола. Но кон средина на вториот дел, со искучувањето на Стоилов започна да се топи предноста и Украина успеа во последните 10 минути да влезе во резултатски егал (22:22).

Одговорот на избраниците на Брестовац, беше со два брзи хола на Манасков, но грешките на нашите ракометари ги вратија Украинците во игра. Тие во последната минута израмнија на 25:25, но кога беше најпотребно, капитенот покажа зашто е еден од најдобрите ракометари во историјата, постигна гол во последната секунда.

Митревски заврши со 15 одбрани, Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, Дејан Манасков постигна пет, по четири имаа Столе Стоилов и Филип Талески, кој, патем, беше прогласен за играч на натпреварот. Остроушко со пет гола беше прв голгетер на Украинците, Комок одбрани 13 македонски удари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот