Кобајаши без ниту една победа ја освои Новогодишната турнеја „Четири скокалници“

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Рјоју Кобајаши по трет пат во неговата кариера доаѓа до „Златниот орел“ на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во ски скокови, откако на последната четврта скокалница дојде до второто место.

Интересен е податокот што на сите скокалници, во Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен, Јапонецот беше второпласиран, што му беше доволно со собраните поени во генералниот пласман да ја освои турнејата.

Последен пат ова се случи во 1999 година кога славеше Финецот Јане Ахонен.

Во Бишофсхофен триумфираше Австриецот Штефан Крафт со скокови од 136,5 метри од првата и 140 метри од втората серија.

Кобајаши во првата серија имаше скок од 137 метри, додека во втората 139. На третата позиција се најде Словенецот Анже Ланишек со 134,5 и 141 метар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот