Клубот на пратенички го осуди говорот на омраза и родово базирано насилство најавија јавна расправа во Собранието

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Клубот на пратенички ги осуди сите форми на говор на омраза, родова дискриминација, сексизам, антисемитизам, омаловажување и други форми на насилство кои што во последно време се најмногу распространети на интернет просторот.

Информираат дека ќе иницираат јавна расправа во Собранието со цел да превенираат слични случаи, а со тоа да се поттикне поголема општествена одговорност на креаторите на јавно мислење.

Во таа насока, подготвени сме да иницираме и законски решенија за регулирање на интернет просторот, така што нема да се ограничи слободата на говор, туку ќе се подигне нивото на општествена свест и одговорност, велат од Клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот