Клоп пресече, ќе носи дефанзивец од Бундеслигата

epa08512056 Schalke's Ozan Kabak in action during the German Bundesliga soccer match between SC Freiburg and FC Schalke 04 in Freiburg, Germany, 27 June 2020. EPA-EFE/RONALD WITTEK / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Менаџерот на англискиот шампион мора да купува дефанзивец и веќе е избрана замената за Ван Дајк.

Ливерпул западна во огромни проблеми со одбраната откако и дефинитивно беше потврдено дека за Вирџил ван Дајк сезоната е завршена по повредата на вкрстените лигаменти на коленото.

Катастрофа за Ливерпул: Крај на сезоната за Ван Дајк

Менаџерот Јирген Клоп, мораше да експериментира со Фабињо во одбраната иако тој е играч од средниот ред, додека Жоел Матип е повреден, Џо Гомез за многумина нема квалитет да игра во Ливерпул, додека младите играчи не се подготвени за нивото на фудбал кој го бара Клоп. Згора на тоа, Ливерпул во летниот преоден рок го продаде Дејан Ловрен, а не донесе замена за него и поради дефицитот на дефанзивци, Ливерпул во зимскиот преоден рок ќе биде активен.

Иако се споменуваа имиња како тоа на Мартин Шкрињар од Интер или тоа на Бен Вајт од Брајтон, Ливерпул и Клоп започнаа преговори во Шалке.
Желбата на Клоп се вика Озан Кабак кој и во летниот преоден рок се споменуваше како потенцијално засилување но тогаш за него се интересираа и Интер и Милан кои немаа доволно пари.

Ливерпул со многу желби: Кој ќе го замени повредениот Ван Дајк?

Кабак е 20-годишен штопер за кого Шалке бараше 50 милиони евра иако речиси сите сметаат дека тоа е нереална цена поради корона кризата која предизвика огромни финансиски проблеми кај сите екипи.
Ливерпул е подготвен да плати 30-тина милиони евра со бонуси и се надеваат дека Шалке ќе биде приморан да ја прифати нивната понуда бидејќи германскиот тим се наоѓа во тешка финансиска криза.

Озан Кабан во Шалке пристигна 2019 година од Штутгарт за сума од 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот