Ливерпул со многу желби: Кој ќе го замени повредениот Ван Дајк?

фото: твитер

Одбранбениот играч на Ливерпул, Вирџил ван Дајк (29) ќе биде надвор од фудбалските терени поради повредата здобиена во саботата против Евертон.

Холандскиот интернационалец, кој ќе мора да оди на операција, не пропушти ниту една минута од натпреварите во Премиер лигата од јануари 2018 година. Потсетување, на 1 јануари 2018 година Ван Дајк се пресели од Саутемптон во Ливерпул за 84,65 милиони евра.

Британските медиуми шпекулираат дека менаџерот на „црвените“ веќе бара ново решение во дефанзивниот дел. Јасно му е и на Јирген Клоп дека мора да биде подобра одбраната, после пет одиграни меча клубот има 13 примени голови.

Германскиот стратег размислува да го ангажира централниот бек на Интер, Милан Шкринијар (според „Трансфермаркт вреди 50 милиони евра) или Калиду Кулибали од Наполи (вредност 65 милиони евра).

Други играчи кои се поврзуваат со можен трансфер во Ливерпул: Дајо Упамекано (Лајпциг), Конор Коуди (Вулверхемптон), Пау Торес (Виљареал), Чалар Сојунџу (Лестер сити), Озан Кабак (Шалке 04) и Жул Кунде (Севиља).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот