Клисура ја освежи одбраната на Работнички

fkrabotnicki.com

Клисура (26) со „романтичарите“ се договори на едногодишна соработка, во желбата за дополнително засилување на конкуренцијата во одбранбените редови.

Последен негов клуб е Мумбаи сити од Индија, а претходно настапуваше и за ФК Букхара во шампионатот на Узбекистан.

Претходно во својата кариера има настапувано и за српските суперлигаши Спартак Суботица и Нови Пазар, како и за Бачка и Младеновац.

Претходно Работнички потврди дека талентираниот напаѓач Давид Тошевски, досегашниот член на младинската школа на клубот, го потпиша првиот професионален договор.

Беше и објавено дека голманот Дамјан Шишковски се враќа во тимот, потоа бразилскиот интернационалец Јаго потпиша исто така договор на една година, а на две години Кореецот Хјунг-Јон Ли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот