Бразилецот Јаго е новиот „романтичар“

Фото: fkrabotnicki.com

Тој потпиша едногодишен договор со „романтичарите“, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона. Јаго Гомес пристигна во Скопје и веќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо во тренажниот процес.

Тој ќе ја засили конкуренцијата во нападот, има 26 години, игра како класичен напаѓач, а може да одговори на задачите и на десната крилна позиција. Доаѓа од португалскиот третолигаш Армасененсес каде минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна 11 гола.

Фото: fkrabotnicki.com

Младинските категории ги помина во школата на Фламенго, а потоа кариерата ја гради во Португалија, во клубовите Фаренсе, Лулетано, Лагоа, Фаро, Луситано и Армасененсес.

Работнички веќе ги започна летните подготовки за новата сезона, закажа и пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата.

Претходно „романтичарите“ го ангажираа Кореецот Хјунг-јон Ли, а се врати и повремениот македонски репрезентативен голман Дамјан Шишковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот