Ќириќ: Адеми е лидер во тимот и наследник на Пандев, Елмас е нашиот „крал на дриблингот“

Фудбалерите се наоѓаат на само три бода од пласман во баражот за пласман на СП 2022/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје најдобрата македонска репрезентација ќе се соочи со Германија во многу важен натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Знаеме дека Германците ја имаат фаворитската улога и се дојдени по триумф кој ќе им донесе „билет“ за учество на Мундијалот следната година во Катар.

Но, пречката пред нив се вика Македонија која во првиот меѓусебен дуел од квалификациската група „Ј“ триумфираше во Дуизбург годинава со 1:2.

Саша Ќириќ во својата клупска кариера настапуваше токму на германско тло настапувајќи за Нирнберг, Тенис Борусија Берлин, Ајнтрајт Франкфурт и Кикерс Офенбах.

Добро го познава менталитетот на Германците и исто така свесен дека ќе ни биде тешко против нив да дојдеме до позитивен резултат, но во фудбалот се случуваат изненадувања, а такво посакуваме сите денеска на Денот на народното востание.

Ќириќ во интервјуто за германскиот медиум „Билд“ даваше коментари за дел од нашите репрезентативци.

– Столе Димитриевски, тој е апсолутен број еден на голманската позиција. Силен на линијата и во ситуациите „еден на еден“. Како и да е, тој има слабост кога е во прашање контролирајќи го казнетиот простор. Дарко Велковски е главниот во одбраната. Има добра техника, добра прегледност на играта и опасен згора на тоа.

Аријан Адеми е легитимен наследник на Горан Пандев. Аријан со години игра на највисоко ниво во Загреб и е лидер во тимот. Елиф Елмас не за џабе игра во Серија А за моментниот водечкиот Наполи. Тој е нашиот „крал на дриблингот“ и има голема самодоверба. Со својот спектакуларен стил на игра, тој е апсолутен миленик на јавноста. Кога ја има топката, станува гласно на стадионот.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Дарко Чурлинов е мојот апсолутно омилен играч и има голем потенцијал. Но, тој мора редовно да игра за неговиот развој. Затоа преселбата во Шалке беше токму вистинскиот чекор за него.

Поразот во март од Македонија многу ја повреди Германија. Сигурно ќе бидете многу мотивирани и ќе сакате да се одмаздите. Но, ние сме доволно самоуверени да кажеме зошто да не го сториме тоа повторно – рече поранешниот македонски репрезентативец Ќириќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот