Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Селекторот Благоја Милевски ја почитува Германија, но и Македонија има свои фудбалски квалитети/Фото: ФФМ

Денеска македонската фудбалска сениорска репрезентација одржа прес конференција по повод утрешниот нов натпревар (20.45 часот, Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје) од квалификациите за Светското првенство 2022 против Германија.

„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Благоја Милевски ја одржуваат трката за второто место во групата кое носи разигрување за учество на Мундијалот.

„Рисовите“ свесни дека противникот ја има фаворитската улога, го почитуваат, но и ние имаме свои квалитети и ќе се обидат да дојдат до нов голем резултат против четирикратниот светски шампион.

– Дали можеме да одиграме идеален меч? Мора да сме на највисоко ниво, од тактичка смисла. Поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим, одлични поединци, но за многу нешта ќе се прашува и Македонија.

Имаме шест млади играчи кои се приклучени на тимот од последните квалификации на младата репрезентација. Се наметнуваат, а на самите нив е да докажат и покажат колку минутажа заслужуваат. Задоволен сум од нив, повторувам на нив е да го покажат и докажат сениорскиот репрезентативен статус. Постарите да им бидат пример како се останува долг период во репрезентацијата.

Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една нова фаза на создавање на нов лик на репрезентацијата со крајна цел, создавање на тим кој ќе е конкурентен и за следниот квалификациски циклус за ЕП во Германија 2024. Имаме идеи и цел, како да создадеме конкурентен тим. Имаме на располагање играчи со капацитет кои се способни да ги пренесат идеите на стручниот штаб на терен. Заодоволството кое го гледам кај нив ми дава за право да мислам дека сме на правиот пат. Навивачка поддршка секогаш ни е потребна и е нужна. Постарите играчи им се од помош на помладите, и тоа е голем плус за оваа генерација.

Секако дека отсуството на Пандев, а посебно во моментов на Барди се чувствува. Може да се каже дека, еве Горан повеќе не настапува за репрезентацијата, тоа е негова одлука, неговата улога во мак фудбалот е огромна и тоа е неспорно. Ситуацијата со Барди е таа што е, имавме сличен проблем и во септември. Да, ова е сосема поинаков меч од оној во Диузбург и доколку сакаме да постигнеме нешто, ќе мора да бидеме на највиоко можно ниво – изјави Милевски.

Потсетување дека годинава во првиот меѓусебен дуел во Дуизбург направивме изнанадување совладувајќи ги Германците со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот