Ќе се отвори првата делница од автопатот Кичево-Охрид, која Бочварски ја најави за август

Во понеделник ќе биде пуштен во употреба автопатот во делот од Требеништа до Охрид, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

„Ако одиме сега таму, ќе се види дека се работи на целата таа траса, тие административни проблеми кои ги имавме веќе ги решивме и следниот понеделник ќе биде пуштен во употреба делот од Требеништа до Охрид“, рече Рустеми, според Алсат.

Отворањето на делницата доцни скоро два месеца, откако министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пролетва најави дека таа ќе биде пуштена во употреба во август. Рустеми вели дека се доцни бидејќи нвременските прилики не оделе во прилог на работите на терен.

Автопатот се гради околу осум години, а делницата меѓу Требеништа и Охрид е долга 8,5 километри, па испаѓа дека трите различни влади од 2014 година досега успеале да изградат по еден километар годишно. Изградбата на проблематичниот пат од Кичево до Охрид требаше да чини 374 милиони евра, а досега потрошената сума, според последните изјави на надлежните, надминала 600 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски Бочварски пред два дена даде ново ветување – дека целиот автопат ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот