Адем Чучуљ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Ќе бараме интегритет и транспарентност од сите институции за поефикасна борба против корупцијата, порача новиот претседател на ДКСК

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска ја даде својата свечена заклетва пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, истакнувајќи дека ќе се залага за целосна транспарентност и отчетност во работата на институциите.

Чучуљ нагласи дека за него претседателската функција претставува голема чест, но и сериозна одговорност, особено поради предизвиците со кои се соочуваат Комисијата и државата во борбата против корупцијата.

Африм Гаши – Адем Чучуљ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека фокусот на ДКСК ќе биде насочен кон дигитализација, зајакнување на превентивните алатки и подготовка на новата Национална стратегија за спречување корупција, која се изработува инклузивно со сите релевантни чинители.

Чучуљ најави зголемена проактивност во проверките на имотната состојба на избраните и именуваните лица, што е една од забелешките во Извештајот на Европската комисија и шеста препорака на ГРЕКО.

Адем Чучуљ беше едногласно избран за претседател на ДКСК во Собранието, добивајќи поддршка од 82 пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот